Наќе Чулев по празниците започнува со промената на кадрите
Иако не е официјално потврдено, се шпекулира дека Наќе Чулев, новиот технички минситер за внатрешпни работи, по празниците може да замени некои од осумте раководители на сектори и тела, шеф на бирото за организиран криминал, внатрешна контрола, па дури и специјални единици, вклучително и единицата „Тигри“.
Како што дознава Алсат, новиот акт на систематизација се очекува да биде донесен во Владата веднаш по празниците, при што ќе се објават нови имиња во рок од една недела.
Правно, Чулев има право да смени до 15 кадри на лидерски позиции во министерството и раководители кои ќе имаат мандат сè додека не се потврдат официјалните резултати од изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се запознаени со имињата што се разгледуваат за именување на одредени места, но се уверени дека измените ќе бидат во согласност со законот.
„Поточно, за кои назначувања во Министерството за внатрешни работи, немаме информации какви измени се прават. Она што ќе се стори, секако, ќе биде во рамките на законот и довербата во претстојниот изборен процес “, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Заменичката Славјанка Петровска, избрана на предлог на СДСМ, за телевизијата потврдува дека се сретнала со министерот во врска со евентуалните измени. Сепак, Петровска појаснува дека сè уште нема имиња и одредени сектори што ќе бидат фатени од овие измени.
Техничкиот министер за внатрешни работи има и право на промена од 10% во хоризонталната распределба на персоналот.
