Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наќе Чулев: Намалување на бројот на запалени возила во Штип пред избори

Наќе Чулев: Намалување на бројот на запалени возила во Штип пред избори

Штип во последно време е познат и по огромниот број на запалени возила од непознати сторители, а министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на овој град рече дека оваа тенденција се намалува пред парламентарните избори на 15 јули.

„За пофалба, односно за позитивна критика е намалувањето на опожарени автомобили во последно време на само неколку случаи. Има оперативни активности и напредок во тој дел. Главен акцент се става на безбедни избори“, рече Чулев денеска пред новинарите.

До пред пет месеци имаше 27 запалени автомобили во Штип за релативно краток период, а изгореа и возилата на Никола Тушев, поранешен претседател на ОО на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев.

„За дел од случаите се привршуваат истрагите,. се работи за препукување и нетрпелкивост помеѓу две криминални групи и нерасчистени рбаоти. Не би сакал дополнителни информации да оддавам, за да не ја нарушам истрагата“, додаде Чулев.



Слично

Поврзани вести