Наќе Чулев кај Јохан Тарчуловски за Прочка
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев објави дека по повод големиот православен празник Прочка ја прифатил поканата на пратеникот Јохан Тарчуловски да го посети Љубанци.
„Денеска православните верници го слават празиникот Прочка. На покана на жителите бев во Љубанци. Традицијата и обичаите поврзани со празникот сеуште живеат во ова населено место и насекаде во нашата држава“, напиша Чулев.
Тој го честиташе денешниот верски празник ден и додаде дека тоа е голем настан за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето.
Слично
