Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наќе Чулев ги предупредил полицајците во Шуто Оризари изборите да бидат мирни

Наќе Чулев ги предупредил полицајците во Шуто Оризари изборите да бидат мирни

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска остварил работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари, јавуваат од неговиот ресор.

На средбата министерот им укажал дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори. 

„На средбата министерот беше запознаен со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво. Министерот Чулев потенцираше дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата“, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести