НАКИТ „СВАРОВСКИ“ ВРЕДЕН НАД 5 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗАПЛЕНЕТ ОД ЦАРИНИЦИТЕ: патничката сакала да избегне даноци
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.
- Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал.
Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“ - се посочува во објавата на Царинската управа.
Од таму додаваат дека случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
Фото: Принтскрин/Икс
Слично
