Наке Чулев: Идентификувано лицето од видеото „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ“, изборите мора да бидат фер и демократски
По објавувањето
на видеото по социјалните мрежи со наслов „Организиран поткуп на гласачи од
структури на МВР и пратеници од СДСМ“, СВР Скопје заедно со полициски
службеници од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во
координација со ОЈО, го идентификуваа лицето од виедеото, Ш.Е. од Скопје,
вработен во Одделението за управни служби во МВР. Тој на
подрачјето на општина Шуто Оризари во непосредна близина на општината врши
соодветна активност со група граѓани од ромска националност, истакнува министерот за внатрешни работи Наке Чулев, во изјава на ФБ.
„Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Скопје извршен е разговор со Ш.Е. и извршен е претрес во неговиот дом поради пронаоѓање докази за предметот на кривично дело од чл.162 „поткуп при избори и гласање". При извршениот претрес не се пронајдени предмети по основ на ова кривично дело, но друго лице, А.В. кој што исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број адреса и телефонски броеви, рачно пишувани на обични листови од училишни тетратки. Согласно информациите добиени од страна на СВР Скопје, лицето Ш.С. дало известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на невладина организација која во рамките на Владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список со цел да биде дадена донација.
Секторот за внатрешни работи од Скопје во координација со ОЈО ке продолжи со преземање на понатамошни мерки и активности во насока на целосно документирање на наводите и доказите на кривично-правниот настан и по исцрпување на истите до ОЈО Скопје ке биде поднесен соодветен поднесок.
Парламентарните избори кои следат неопходно е да бидат фер и демократски. Во таа насока Министерството за внатрешни работи во претстојниот период ќе ги засили своите активностите со кои ќе се спречат сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите. Воедно во соработка со Држаната изборна комисија заеднички работиме на подготовка на соодветен едукативен материјал преку кои граѓаните ќе се информираат за санкциите кои се предвидени за прекршување на законот и изборни нерегуларности“, наведува министрот Чулев.
