Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЗАГАДЕНИ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ: Неславна титула за Тетово, Тузла и Скопје

НАЈЗАГАДЕНИ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ: Неславна титула за Тетово, Тузла и Скопје

Кога се изземе Турција, во десет градови со најзагаден воздух во Европа се наоѓаат три градови од Македонија, по еден од БиХ, Црна Гора и Бугарија и четири од Полска.

Британскиот весник Гардијан објави податоци од Светската здравствена организација и ги подели по региони.

Во Европа, ако се изземе Турција, најзагаден град е Тетово, следат Тузла во БиХ и нашиот главен град Скопје, а меѓу првите десет се најдоа и црногорска Пљевља, и градот на конзулите Битола.

Се наведува дека милијарди луѓе ширум светот се изложени на опасен воздух, но степенот на загаденоста варира и дека најзагадените градови се во Азија и Африка. 

Ако во Европа, и Турција се земе предвид, дури осум градови од таа држава ќе се најдат во првите десет.

Слично

Поврзани вести