Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД КАЈ МЛАДИ ОД 20-29 ГОДИНИ: Во последната недела од октомври има и 38 реинфекции

НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД КАЈ МЛАДИ ОД 20-29 ГОДИНИ: Во последната недела од октомври има и 38 реинфекции

Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, во последната недела од октомври, од 25 до 31, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%). Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години (-17,5%) и над 60 години (-1,2%).

Се зголемува и бројот на реинфекции на вирусот, па минатата недела по вторпат се заразиле 38 лица што е повеќе  за 5,6 проценти во однос на претходната недела. Најмногу  активни слуачи има во Скопје, Велес и Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години

Минтата недела од компликации предизвикани од вирусот починало 71 лице, што е за 8 помалку од прехдоните седум дена, но се спушта старосната граница на оние кои ја губат битката со болеста. Исто така, во поеридоот од 25 до 31 октомври,  регистриран е и еден смртен исход кај пациент кој имал реинфекција со вирусот, со што  вкупно има 7   починати од оние кои по вторпат се заразиле.


Слично

Поврзани вести