НАЈВИСОК БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Се лекуваат 1.578 пациенти, голем број се на кислород
Во последното
деноноќие само во скопските ковид-центри на болничко лекување биле примен 74
пациенти поради комликации од вирусот, со што бројот се зголеми на 666, додека
низ останатите градови во Македонија има 912 болни кои се лекуваат во
болниците. Ова е досега највисока бројка на пациенти на кои им е потребно
болничко лекување од почетокот на епидемијата во Македонија. Според
статистиката на Министерството за здравство, во болницата во Битола се
хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во
болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното
одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во
Куманово 147 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во
Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во
Гостивар 41, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се
77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица,
позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се
менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Министерството информира дека во Скопје, пак, во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.
Велат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка и дека има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
-Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат оттаму.
