Најверните навивачи патуваа два дена, со три авионски линии за 300 евра - останатите со чартер лет за 500 евра пристигнаа во Пoрто
Се надеваме дека нашите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе ја изненадиме и Португалија, исто како и Италија, ни изјави Мирослав Попоски во телефонскиот разговор, кој со 50 навивачи од Македонија утринава пристигна во Порто. Вели дека тие се најверните поддржувачи на македонскиот спорт и биле присутни на многу натпревари, европски и светски првенства на нашите спортисти.


„Вечерашниот натпревар е историски и не сакавме да ја пропуштиме шансата да го проследиме во живо и од срце да навиваме од трибините, исто како на мечот со Италија. Стигнавме во Порто утринава. Патувањето беше напорно. Првиот лет ни беше Скопје-Тирана. Вториот Тирана- Мадрид. Моравме една вечер да преспиеме во престолнината на Шпанија. Утринава пристигнавме во Порто. По завршувањето на натпреварот директно ќе одиме на аеродром, бидејќи летот ни е во 6.20 часот. Ќе се враќаме со три авионски линии, но овој пат преку Париз и Софија. Авионските билети се околу 300 евра, а за атпреварот 850 денари. За чартер летот Скопје –Порто требаше да платиме 500 евра. Вкупниот трошок на секој од нас е околу 700 евра. Но, не жалиме кога е во прашање спортот и Македонија“, открива Попоски и дополнува дека контактира со многу Македонци од разни страни на светот, поддржувачи на македонските спортисти.
(С.А.Н)
Повеќе детали на Женски магазин