Најтрофејниот фудбалски клуб од земјава остана без управа - се повлекле Симев и Спасовски
Вардар, најтрофејниот клуб од земјава, остана и без управа, пренесува порталот Спорт1.мк.
Ова, како што пишува порталот, следува откако денеска извршниот директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасевски се повлекле од црвено-црните.
Раководниот двоец кој е во клубот од самиот почеток од доаѓањето на Сергеј Самсоненко заминуваат како последни од клубот, откако во мај лани рускиот бизнисмен објави повлекување.
„Не можеме повеќе да го раководиме Вардар, ние решивме во јуни да останеме само за Вардар да не доживее црно сценарио, но сега веќе немаме ни сила, а нема ни финансии за да продолжиме. Се што се вегуваше дека ќе добиеме помош од јули, не се оствари, ама ја исруркавме сезоната. Повеќе не сме во состојба да го водиме клубот“, вели раководниот двоец Симев-Спасовски.
Вардар сега се враќа во рацете на град Скопје, кој ќе треба да го гаси пожарот и да го преземе раководењето.
„Вардар се враќа кај градот, а тој и ПУИГ се сопственици на Вардар. Оваа оставка е и обид да се сврти вниманието да му се помогне на Вардар. Се надевам дека брзо ќе донесат луѓе во клубот за да не се загуби драгоцено време“, изјавил Симев.
