Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најтргуваните и највредните акции на македонската берза во првата половина од 2018-та

Најтргуваните и највредните акции на македонската берза во првата половина од 2018-та

Македонската берза го објави билтенот за првата половина од годинава, според кој најголем пораст на вредноста оствариле акциите на Комерцијална банка (пораст од 89,9%), Жито Лукс (+69,6%), Винарската визба Тиквеш (+65,7%), Арцелор Митал (+60,8%) и Окта (+58,1%).

Топ три најтргувани се акциите на Комерцијална банка со промет од 769 милиони денари, „Алкалоид“ со промет од 354 милиони денари, НЛБ Банка (191 милиони денари). На листата потоа следуваат Стопанска банка АД Скопје (155 милиони денари) и „Гранит“(119 милиони денари). 

Вкупно, постои неверојатно заживување на прометот во однос на истиот период минатата година. Имено, од јануари до јули годинава, берзата остварила промет од 6,8 милијарди денари што е зголемување од 234 отсто во однос на истиот период минатата година кога прометот изнесувал 2 милијарди денари.


Слично

Поврзани вести