Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најтопло во Дојран, а најстудено во Берово - утре следи дожд

Најтопло во Дојран, а најстудено во Берово - утре следи дожд

Утрово било најстудено во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, а најтопло во Дојран. 

Температури од 4 степени се измерени во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, а највисоки 13 степени се измерени во Дојран. Од УХМР соопштија дека 5 степени се измерени во Маврови Анови, 6 во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Тетово, 7 степени во Битола, 8 во Прилеп, Демир Капија, Крушево и Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица и Дебар, 10 Охрид и Претор, 11 степени во Виница и 12 во Гевгелија. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на повеќе места и особено во централните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од Македонија ќе има и невреме. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести