НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНИОТ КОЈ Е ТРАНСПОРТИРАН ВО СКОПЈЕ Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - трите други лица се пуштени на домашно лекување
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓиев, заТелма вели дека трите лица кои беа хоспитализирани во болницата се во добра здравствена состојба, со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, а најтешко повредениот кој е транспортиран на Клиниката за торакална хирургија е во стабилна состојба.
Вчера на местото на несреќата бил повикан сообраќаен вештак, а обвинителството ќе издаде наредба за сообраќајно вештачење.
Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата.
По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката.
Слично
