Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најтешко поплавените уште месец дена во студентските домови, потоа не се знае

Најтешко поплавените уште месец дена во студентските домови, потоа не се знае

Семејства кои беа најтешко поплавени и претрпеа најголеми штети на своите домови најверојатно до април ќе може да престојуваат во студентските домови што е привремено решение. Утре владата треба да донесе потврдна одлука за престојот во студентските домови, но што понатаму засега не е познато.

„Денес или најдоцна утре, владата ќе го продолжи рокот, очекуваме најрано до април а може и подоцна“ - изјави Ибрахим Ибрахими, министерот за труд и социјална политика 

Поплавените граѓани на Стајковци и останатите села во скопско велат дека средствата за оштета што ги добиле не им ги покриваат нанесените штети и не можат веднаш да ги реновираат своите домови, а дел се жалат дека исплатите или донат или воопшто и не ги добиле, па згора на тоа треба да платат и данок на приход од 10% на УЈП. 


Слично

Поврзани вести