Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО: На две локации во земјава има и снежна покривка

НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО: На две локации во земјава има и снежна покривка

Утрово се измерени -8 степени во Берово, -6 во Скопје Петровец, -5 во Струмица, Битола, Маврово, Тетово, Гевгелија, Демир Капија, -4  во Охрид, Крива Паланка, Скопје, Штип, -3 во Прилеп, Дебар, -2 во Охрид, Претор, Лазарополе, -1 во Виница, Дојран, 0 Ѓуриште, Пожаране, 1 во Тополчани, 2 во Крушево. 

3 см снег има во Маврово, и 4 цм во Пожаране.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве. Масималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени. 

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури.  По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Од петок се очекува извесно зголемување на облачноста и опаѓање на дневната темпертура. За наредниот викенд следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Слично

Поврзани вести