Најстариот оздравен пациент излезе од болница: Баба Елена има 85 години и го надмина Ковид-19
Најстариот оздравен пациент од Ковид-19 во Македонија е 85-годишната Елена Макалоска од Прилеп. Жената денеска ја напушти болницата и замина од инфективното одделение. Претходно се сликаше со персоналот на болницата, луѓето кои се грижеле за неа.
„Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение.85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал, стои во објавата на фејсбук на Општата болница во Штип.
Слично
