Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најсилниот пазар со луксузни имоти во светот е овој град

Најсилниот пазар со луксузни имоти во светот е овој град

Њујорк го претекна Лондон и веќе е на второ место во листата на градовите со најголем раст на цените на луксузните имоти во светот по Хонгконг, пренесе Financial Times.

"Во Њујорк цените на луксузните имоти растат, а големите количини на продажбата, особено во долниот сегмент на луксузниот пазар, помогнаа за искачувањето на градот во индексот минатата година", соопштија од Christie's International Real Estate, кои ја подготвија листата.

"Несигурноста околу последиците од референдумот во Британија за излез од ЕУ и зголемувањето на давачки влијаеја на пазарот во Лондон, иако градот сеуште регистрира силна продажба во луксузниот сегмент и високи средни цени за метар квадратен", додаваат од компанијата.

Хонгконг, кој забележа две продажби на станови по цена над 100 милиони долари, вклучувајќи една по цена од 360 милиони долари, како и највисоката просечна цена за квадратен метар меѓу испитаните градови зја адржува лидерската позиција за втора година по ред.

„Christie's International Real Estate“ ја изготвува ранг листата врз основа на седум фактори, вклучувајќи рекордна продажна цена, просечна цена на квадратен метар за домување, продадени за повеќе од 1 милион долари, број на продажби над 1 милион долари удел на продажба над 1 милион долари во вкупниот обем на продажба, процент на домашни и странски купувачи, процент на имателите на второ или на повеќе од две живеалишта.

Во првите десет градови со најголем раст на цените на луксузните имоти во 2017 година беа Хонг Конг, Њујорк, Лондон, Сингапур, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сиднеј, Париз, Торонто и Ванкувер.

И покрај искачувањето на Њујорк во рангирањето, луксузниот пазар во Менхетен не се покажал добро во првиот квартал.

Според извештај на компанијата за проценка на недвижен имот Miller Samuel и компанијата за имот Douglas Elliman просечната продажна цена на луксузни станови во Менхетен е намалена за над 15% во првиот квартал во однос на истиот период претходната година.

Просечната цена на квадратен метар во луксузните станови е намалена за над 20%, додека бројот на финализирање на продажба забележал пад од над 24% во првите три месеци од годината, покажува извештајот на Elliman. Акциите се зголемуваат двојно побрзо од вкупниот пазар во Менхетен.

Дел од падот се должи на загриженоста поради последиците од даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп, која ја елиминираа некои стимуланси за поседување на живеалиште и цели да спречи презаситеност со новоизградените луксузни домови во градот.

Даночните промени на Трамп може да направат некои сопственици на имот да го преместат основното живеалиште од Конектикат и Калифорнија во држави со пониски или никакви даноци на доход како Флорида или Тексас, забележува Christie's.

Но, еден од најголемите падови на пазарот на луксузни имот е забележан во Мајами, Флорида, кој излегува од првите десет оваа година. Просечниот престој на луксузни домови на пазарот во Мајами е зголемен за 17% .

Christie's забележува дека најжешкиот пазар за нови станови од гледна точка на најголемо зголемување на годишна основа како на обемот на продажба на луксузни имот, така и на цените е канадскиот град Викторија, Британска Колумбија, следен од Сан Диего и округот Оринџ , државата Калифорнија. Топ пет ги надополнуваат Вашингтон и Париз.

Најжешките пазари за купување на второ живеалиште минатата година биле Санта Фе, Ново Мексико, Мускока, Онтарио, Сарагоса, Флорида, Сан Валета, Ајдахо и Бахамите.


Слично

Поврзани вести