Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар“: Мицкоски порачува одговорните ќе сносат последици

„Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар“: Мицкоски порачува одговорните ќе сносат последици

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата посочи дека најпрво се тежнее кон обезбедување техничка вода за жителите, за потоа да се обезбеди и вода за пиење до домовите во Гостивар. 

- Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. 

Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше општината, од страна на државните институции да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и да обезбедиме вода за пиење. 

Останатиот дел, постапува Обвинителството, сите оние коишто се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и нормално да се преземат мерки против истите. Веќе три лица се идентификувани како такви. 

Јас колку што знам, определени се мерки за обезбедување. Така што институциите како никогаш досега, во најбрзо време реагирале - нагласува премиерот. 

Слично

Поврзани вести