Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈПОСАКУВАНА РАБОТА ВО СВЕТОТ Е ПИЛОТ: Во Македонија инфлуенсер?

НАЈПОСАКУВАНА РАБОТА ВО СВЕТОТ Е ПИЛОТ: Во Македонија инфлуенсер?

Македонците најмногу сакаат да бидат инфлуенсери. Се појави географска карта со најпосакуваните работни места. 

Македонците, се чини, заедно со Малтежаните, единствени во Европа најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“.

Порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker) објави мапа којашто покажува во кои држави ширум светот, кои работни места се најбарани и најпребарувани за 2024 година.

Судејќи според картата, најпосакувана работа на планетава е пилот. Прашањето „Како да се стане пилот“ на интернет е пребарано 50.000 пати во јануари 2024 година. Оваа професија е најпопуларна во 55 држави. Со виолетово се означени Обединетото Кралство, Ирска, Шпанија, Полска, Индија, Кенија, Сомалија, Босна и Херцеговина итн.

На место бр. 3 е професијата модел, односно имало вкупно 25.000 пребарувања на светско ниво. Со жолта боја се означени Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Хрватска, Словенија, како и Франција, Германија, Италија, Шведска, Алжир, Мароко и многу други земји.

Лекар е шестата најпопуларна професија (15.000 пребарувања – најпосакувана во Уганда, ДР Конго). Во Русија, Косово, Украина и Белорусија, пак, најпребарувана е професијата наставник (14.000 пребарувања) – место бр. 7 на рангирањето. 

Слично

Поврзани вести