„НАЈОСТРО ЌЕ РЕАГИРАМЕ АКО ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ НЕ ГО ДОБИЕ ЗАСЛУЖЕНОТО ПОКАЧУВАЊЕ“: Независниот синдикат на полицијата се закани
Независниот синдикат на полицијата се закани дека, ако во април не добијат покачување на платите, ќе реагираат најостро.
„Додека другите синдикати молчат, надлежните молчат, а пратениците се на одмор, ние како Независен синдикат мораме да им порачаме: ,,ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА!"
Во време кога зборуваме за можна дестабилизација и расчистување со корупцијата во државата, платите во полицијата мораат да го следат трендот од регионот, а ние како синдикат будно ја следиме состојбата и најостро ќе реагираме доколку полицијата во Април не го добие заслуженото покачување!„ се вели во објавата.
Фото: НСП
Слично
