Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најнови информации од АМСМ - Кои патишта се блокирани и непроодни

Најнови информации од АМСМ - Кои патишта се блокирани и непроодни

АМСМ во последниот извештај за состојбата на патиштата известува дека повеќето патни правци се проодни, но препорачува да се внимава на условите на патот, да се прилагоди брзината и задолжително да се поседува зимска опрема.

На 08.01.2017 година од 16:45 часот, магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот.  Од 17:00 часот на превојот Стража воведена забрана за ТМВ. Забрана за движење на тешки товарни возила има и на крак Маврово – Дебар, соопштува АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Слаб снег провејува на планински превој Стража,Маврово и Смојмирово. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

Слично

Поврзани вести