Најниската плата во Македонија е речиси 600 евра пониска од таа во Словенија
Нашата земја има најниска минимална плата од земјите од поранешна Југославија, анализира Нова економија. Од октомври годинава, според последната одлука на Социјално-економскиот совет на Србија, минималната плата ќе изнесува 58.630 динари, односно приближно 500 евра. Планот е до 2028 година, таа да порасне до 650 евра. Но, и тогаш ќе биде пониска од економски посилните екс-ју држави, а Македонија веројатно и тогаш како и сега ќе биде на дното. Словенија предничи на поранешниот простор на СФРЈ, со минимална бруто плата од 1.278 евра, која е на сила од од јануари годинава. Нето износот е меѓу 900 – 930 евра, пишува „Нова економија“ Просечната нето-плата во мај во Словенија била 1.592 евра, што е за 5,2 отсто покачување во однос на мај 2024 година. Во Хрватска, исто така од почетокот на годинава, бруто-минималната плата е 970 евра, што е малку повеќе од 750 евра нето. Просечната нето плата, пак се движи помеѓу 1.390 и 1.450 евра. Во Босна и Херцеговина(БиХ), минималната плата изнесува 1.000 конвертибилни марки, односно 511 евра. Просечната него плата, пак, во април изнесувала 1.545 конвертибилни марки, што е отприлика 790 евра. Црна Гора во моментов е на исто ниво со Србија, со минимална плата од 450 евра. Просечната нето плата, пак, изнесувале 1.062 евра, според Управата за статистика на Црна Гора. foto freepik.com
