НАЈМОЌНИТЕ АЛБАНСКИ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Пет политичарки и обвинителка која ги гони криминалците
Неколку жени од албанскиот етникум можеме да ги вброиме дека се најмоќни на политичката сцена и во јавниот живот, затоа што оставиле своевиден печат. Избравме пет политичари, сегашни и бивши, и една обвинителка.
Фатиме Фетаи
Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи ги освои симпатиите на јавнота со својот строг настап на прес-конференциите. Таа воедно има интересна животна приказна, која ја раскажа за јавноста, а тоа е дека многу млада се омажила, и додека била мајка во исто време и студирала. Обвинителката е во брак од 17-годишна возраст и има два сина. Таа истовремено да се справувала со домашните обврски, мајчинството и студиите за да добие диплома на Правниот факултет, пред да ја започне својата кариера. Фетаи им порачува на жените дека децата не се пречка за напредок во кариерата и дека секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себеси. Фетаи внимание привлекува и со стилот на облекување. Taa e oд гостиварско Неготино, мажена во тетовско Боговиње, но поседува и стан во Скопје. Дел е од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јенева.
Теута Арифи
Таа е македонска политичарка, професор и поранешен пратеник. Во медиумите почна да се појавува во периодот по војната од 2001 година. Трет мандат управува со Општина Тетово. Родена во Тетово на 19 октомври 1969 година. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност“ на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како доцент по предметот Албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. По парламентарните избори во 2011 година беше поставена за министер за евроинтеграции. На 15 февруари 2013 година поднела оставка од оваа позиција поради својата кандидатура за градоначалник на Општина Тетово. На локалните избори 2013 година го победила својот против-кандидат од редовите на ДПА, Сади Беџети со 6.100 гласови разлика.
Ермира Мехмети
Таа е сопартија на Теута Арифи и поранешна пратеничка. Член е на ДУИ. Родена на 6.10.1979 година во Скопје. Мехмети е дипломиран правник на УЈИЕ Тетово, магистер по компаративна политика на Лондонска школа за Економија и Политички науки (LSE). Докторант по правни науки на Универзитетот во Тирана, стои во биографијата на веб странцата на Собранието. Поранешната пратеничка во 2016 година се појави во македонскиот Парламент, но како консултант од страна на австрискиот парламент. На социјалните мрежи се појави со заедничка фотографија со Фатиме Фетаи. „А дали некој рече дека ќе заврши мандатот на Специјалното?! Нееее, мандатот сега ќе им започне, и сите ние го поддржуваме неселективно!“, стоеше на Фејсбук, под фотографијата на Мехмети и обвинителката Фетаи.
Флора Кадриу
И таа беше дел од македонското Собрание. Родена е во 1966 година во Скопје. Добро ги познава македонскиот, англискиот, грчкиот и турскиот јазик. Живее во Скопје“, стои во нејзината биографија на веб страницата на Собранието. Беше пратеник на ДПА, а потоа и на Нова Демократија на Имер Селмани.
Maригона Марку
Маригона Марку е назначена за в.д. македонски амбасадор во САД, откако на Васко Наумовски му истече мандатот. Не е назначен нов и по автоматизам станува в.д. како дипломат со највисоко звање. Таа е родена во Дебар и порано има работено во македонското Министерство за надворешни работи. Во 2011 година Марку работеше во Дирекцијата за меѓународно право и тогао ја доби традиционалната награда за најдобар дипломат на годината, која се доделува секоја година од Министерството за надворешни работи.
Нора АлитиСобранието во мај годинава ја изгласа Нора Алити за претседател на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваа со предлогот зашто сметаат дека Алити е партиско решение, бидејќи беше пратеник на ДУИ во претходниот парламентарен состав. Родена е на 2.3.1984 година во Тетово. Има завршено MIB School of management - Осигурување и управување со ризик во финансиски институции. Магистер, стои во биографијата не веб страницата на Собранието.
