Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?

Ирците имаат можности да патуваат во голем број земји без визи. 

Ирска е држава со најмоќниот пасош во светот, а Македонија се најде на 81 место. Македонскиот пасош овозможува влез без виза во 132 држави. Нашата земја го дели истиот резултат како Тонга и Гватемала, според индексот „Nomad Passport“ за 2025-та година, што го состави компанијата „Nomad Capitalist“ и цитиран од „CNBC“. 

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ анализира пет критериуми:

– Патување без визи – 50 отсто

– Даноци – 20 отсто

– Перцепција на светот – 10 отсто

– Можност за двојно државјанство – 10 отсто

– Лична слобода (слобода на медиумите, задолжителен воен рок и сл.) – 10 отсто

Во минатото често се случувало две држави да ја делат првата позиција. 

Во 2024 година Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) беа на врвот.

Во 2023 година беше објавено дека најмоќниот пасош го има Сингапур. 

Слично

Поврзани вести