Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМОЌНИ, НАЈЕВТИНИ, НАЈСКАПИ ПАСОШИ: Македонците рамо до рамо со Црнгорците и Колумбијците

НАЈМОЌНИ, НАЈЕВТИНИ, НАЈСКАПИ ПАСОШИ: Македонците рамо до рамо со Црнгорците и Колумбијците

Две земји ги поседуваат најмоќните пасоши на светот. 

Јапонија и Сингапур се на првото место како земји со најмоќен пасош на светот за 2018 година, а нивните граѓани можат да посетат 180 земји без виза. 

Второто место ѝ припадна на Германија (179 земји), а третото место со 178 земји го делат Франција, Италија, Шпанија, Данска, Финска, Шведска и Јужна Кореја.

Од друга страна Сирија ја преводи листата на земји чии пасоши се најскапи.

Рангирањето секоја година го прави компанијата „Henley & Partners“, врз основа на тоа колку држави може да посети сопственикот на пасошот без да треба да извади виза.

Македонија го дели 47. место со Колумбија и Црна Гора. Така Македонците, Колумбијците и Црногорците можат без виза да патуваат во 112 земји.

Пасош на кој најмногу му одговара цената на трошоците за негово вадење е германскиот – за 120 долари Германците добиваат пасош со кој без проблем може да влезат во 179 земји.

Најевтиниот пасош на светот е тунискиот кој го зазеде 72. место на листата најмоќни пасоши, што значи дека жителите на Тунис може да влезат без виза во 66 земји со пасошот што чини 25 долари.

На листата најскапи пасоши се и Турција (255,66 долари), Швајцарија (182 долари), Нов Зеланд (168 долари), Канада (161 долар), САД (155 долари), Велика Британија (149,50 долари) и Сингапур (78,50 долари).

Слично

Поврзани вести