Најмодерната автоматска хидрометеоролошка станица на Балканот е во Струга
Во Македонија е поставена една од најмодерните автоматски хидрометеоролошки станици на Балканот. Директорот на ХЕЦ Црн Дрим Сашо Коркут објави дека станува збор за станица за мерење на нивото на котата на Охридското езеро, но дека се мерат и уште 30 директни и 15 индиректни метролошки параматри - количина на врнежи, снег, температура на водата, темпрература на воздухот, испарување, ветар, сите потребни за хидролошки анализи.
„На кратко да доловам: Котата на Охридското Езеро преставува еден од основните параметри за бaлансирање на производството на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Со цел осовроменување на овој процес инсталирана е автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридското Езеро. Станицата е од германскиот производител ОТТ и преставува најсовремен тип на хидрометролошка станица, единствена не само во Македонија туку и во целиот Балкан. Мерењето на параметрите е на радарски принцип, вели Коркут.
Додава и дека две информативни табли односно дисплеи се поставени на Управната зграда на ХЕС Црн Дрим во Струга и зградата од Министерството за одбрана во близина на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Ажурирањето на податоците е автоматски од мерењата на хидрометролошката станица на секои 15 минути.
