Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ВО СКОПЈЕ, КАВАДАРЦИ И ОХРИД: Mинатата недела две лица починале од ковид - 19

НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ВО СКОПЈЕ, КАВАДАРЦИ И ОХРИД: Mинатата недела две лица починале од ковид - 19

Две лица се починати од ковид-19 минатата недела, а регистрирани се и 213 нови случаи. 

Ова е наведено во последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во период од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите за антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. При овие испитувања забележано е намалување на бројот на заболени за 1,8 отсто во однос на минатата недела.

Најголем број на заболени се регистрирани во Скопје, односно 99 случаи, а потоа следува Кавадарци со 23 и Охрид со 20 заразени. Најголем дел од заболените спаѓаат во возрасната група над 60 години.

„Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус во земјава. Првиот случај на инфициран беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

foto freepik.com/alexbrod89

Слично

Поврзани вести