Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу снег на Маврово, забрана за тешки возила на Стража

Најмногу снег на Маврово, забрана за тешки возила на Стража

Снежна покривка од 10 сантиметри е формирана на Маврово, Крушево и Берово 4, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Крива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка формирана е во Демир Капија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.

Најниска температура утрово е измерена во Маврово -10 степени, -7 во Крушево, -6 во Лазарополе, -5 во Пожаране и Ѓуриште, -4 воТополчани и Берово, -2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Охрид и Дебар, -1 во Тетово, Битола и Претор, 0 во Штип и Скопје, 1 во Струмица, Демир Капија, Скопје Петровец, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.

Утрово времето е облачно и студено речиси насекаде со  врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови,  врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен правец, особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз.

Се уште е затворен за сообраќај регионалниот пат село Грдовци-село Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.


Слично

Поврзани вести