Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ СЕ ГРАДИ ВО СКОПСКО: Колку одобренија за градба се издадени?

НАЈМНОГУ СЕ ГРАДИ ВО СКОПСКО: Колку одобренија за градба се издадени?

Во декември 2017 се издадени 257 одобренија за градење, што е за 22.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Најмногу одобренија за градба или 71 има во скопскиот, а само 4 во североисточниот регион. 

Во овој период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 25 413 м2.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 730 156 илјади денари,  што е за 76.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60.3%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7.4%) за  објекти од нискоградба и 83 (32.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 257 објекти, на 184 (71.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (28.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Слично

Поврзани вести