НАЈМНОГУ МЛАДИ ЛИЦА ИМА ВО ЧАИР И АЕРОДРОМ, најнаселено место е општина Аеродром, имаме 205 испразнети населени места
Македонија има вупно 1.781 населено место, од кои 205 се празни населени места. Најмногу млади лица до 14 години има во Чаир, Аеродром, Куманово и Тетово... а најмногу жители има во Скопје.
Ова се мал дел од податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021.
- Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 г., во Република .Македонија има вкупно 1.781 населени места, а 205 се празни населени места.
- Во главниот град Скопје живеат 526 502 жители, 171.171 домаќинство и има 213.850 станови.
- Населено место со најголем број на жители е Скопје - Аеродром со 75.108 жители, а потоа следуваат градовите: Куманово со 75 051 жител, Битола со 69.287 жители, Прилеп со 63.308 жители, Тетово со 63.176 жители итн.
- 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.
- Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во населеното место Скопје - Аеродром - 27026, па следуваат градовите: Битола со 24.974, Куманово со 23.451, Прилеп со 22.763, Тетово со 17.948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства.
- Најмногу станови има во населеното место Скопје - Аеродром - 34.415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови.
- Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Скопје - Чаир, Скопје - Аеродром и во градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје - Карпош, Скопје - Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн.
Ова се мал дел од податоците во последниот сет на пописни податоци.
