Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ЗАТВОР ПОРАДИ КРАДЕЊЕ: се намалува бројот на децата кои добиле пресуда

НАЈМНОГУ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ЗАТВОР ПОРАДИ КРАДЕЊЕ: се намалува бројот на децата кои добиле пресуда

Бројот на малолетници кои направиле престап или некакво дело со кое се судриле со законите последниве години покажува знаци на намалување. Последните пет години, поточно од 2020 година наваму е во континуиран пад, но споредено со 2019 година се уште поголем број на деца извршиле некој тип на престап и се осудени.

Имено во текот на 2019 година само 304 малолетници се осудени деца кои се судриле со законот. Притоа најголем дел од нив се осудени поради кривични дела поврзани со имоти, и тоа 181 лице. Додека веднаш зад нив се децата кои се обвинети за „кривични дела против животот и телото“ за што се осудени вкупно 38 деца. Нешто помалку деца добиле пресуда за јавниот мир и тоа 29 деца, додека 24 деца се осудени за загрозување на безбедноста во сообраќајот. Истата година биле покренати постапки за повеќе малолетници прекршители и тоа 525 деца.

Сепак, за разлика од предпандемиската година, веќе во 2020 година има пораст на малолетниците кои се осудени престапници. Па така осуда добиле 350 деца, од кои најголем дел се исто така поради повреда на имот, и тоа 153, додека 48 деца се осудени за непочитување на јавниот мир. Истата година биле пријавени 610 деца поради непочитување на законите.

Во 2021 година повторно има пораст на осудените деца. Па така дури 382 деца добиле некаква пресуда, и повторно најголем дел од осудените се за кривични дела поврзани со кражба на имот. Оваа година биле пријавени 589 деца кои се судриле со законите.

Веќе во 2022 година се појавуваат првите знаци на намалување на бројот на малолетниците кои се осудени за некое дело. Па така во 2022 година биле осудени 262 деца, и повторно најголем дел за кражби, или повреда на имот. Таа година биле поднесени 473 пријви против малолетници.

Во текот на минатата година Државниот завод за статистика утврдил дека има пораст на бројот на осудени малолетници. Па така во 2023 година биле осудени 307 деца, од кои најголем дел исто така за кражби. Пријави биле поднесени против 433 деца, каде пак има намалување на бројките, што укажува дека поголем дел од пријавите кон малолетници имаат пресуда.

Во последниот извештај за пријавени и осудени лица, вклучително и малолетници кои го прави Државниот завод за статистика е посочено дека бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2023 година, во споредба со 2022 година, е намален за 6,9 отсто.

-  Во наведениот период, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 16 проценти, а бројот на обвинетите лица е намален за 15,8 отсто. Во 2023 година во однос на 2022 година, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 8,5 отсто, а бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 17,2 проценти – се наведува во извештајот на ДЗС.

П.О. 

Слично

Поврзани вести