Најмногу гласачи излегле во Росоман, најмалку во Шуто Оризари: Последен пресек на излезноста во вториот круг од локалните избори
Државната изборна комисија ќе го мониторира броењето на избирачките места, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
До 18:30 часот гласале 45,71 процент од гласачите на ниво на цела држава или 325.691 гласач.
Најголема е излезноста во Росоман, 77,51 процент, а најмала во Шуто Оризари, 30,98 проценти.
За градоначалник на Град Скопје, до 18:30 часот гласале 160.131 гласач или 33,82 проценти.
Онаму каде што се бираше само градоначалник на Град Скопје, а не и градоначалник на општината, најниска е излезноста во Сарај, односно 11,45 проценти.
Слично
