Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу дожд наврна во Лазарополе - кога ќе има стабилизација на времето?

Најмногу дожд наврна во Лазарополе - кога ќе има стабилизација на времето?

Берово со измерени два степени утрово беше најстудено место во Македонија. После Берово, следуваат Попова Шапка и Крива Паланка. Најтопло утрово беше во Охрид, каде се измерени 12 степени.

Најмногу дожд наврна во Лазарополе, 4 литри на метар квадратен. Дожд имаше и во Куманово, Маврово и Попова Шапка по 2 литри на м2, Крива Паланка и Претор по 1 литар на м2.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено ќе има засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени. Стабилизација се очекува во вторник. 

foto freepik.com/boyarkinamarina

Слично

Поврзани вести