Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу антиваксери во Скопје: Државниот инспекторат ќе казнува

Најмногу антиваксери во Скопје: Државниот инспекторат ќе казнува

Државниот санитарен инспекторат на родителите кои пополниле изјава дека не сакаат да прими вакцина нивното дете им даде рок од 7 дена за да платат половина од казната или по тие седум дена, ќе ги следува прекшочна пријава.

Речиси сите изјави се за ученици а податоците инспекторатот ги добил од теренската вакцинација.

Околу 1100 родители од земјава одбиле нивното дете да биде вакцнирано. Повеќе од половината, односно 593 од антиваксерите се од Скопје.

Здравствениот инспеторат не отстапува и вели дека ќе следуваат казни и до 500 евра за родителите кои не ги вакцинираат своите деца.

Инаку епидемијата на морбили не стивнува, само минатата недела беа регистрирани нови 12 лица во Штип и тоа пациенти кои се над 30 годишна возраст. Пред неколку недели морбилите го затворија и хирушкото одделение во Струга. Бидејќи голем дел од вработените  се беа заразиле со морбили. Министерството спроведува и акција за вакцинација на здравтсвените работници, за нив вакцинацијата тече нормално, односно ниту еден од нив не одбил вакцинирање, велат од ДСЗИ.

Скоро половина година трае епидемијата на мали сипаници во земјава.


Слично

Поврзани вести