Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМЛАДИТЕ ПРЕРАНО ЗГАСНАТИ ЖИВОТИ БИЛЕ НА САМО 16 ГОДИНИ, НАЈСТАРИОТ ИМАЛ 48 - детали за возраста на трагично загинатите во дискотеката во Кочани

НАЈМЛАДИТЕ ПРЕРАНО ЗГАСНАТИ ЖИВОТИ БИЛЕ НА САМО 16 ГОДИНИ, НАЈСТАРИОТ ИМАЛ 48 - детали за возраста на трагично загинатите во дискотеката во Кочани

Јавното обвинителство го сподели со јавноста списокот со возраста и бројот на починатите лица. 

Инаку, списокот е од Судка медицина. 

Од Обвинителството уште и велат дека извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството.

Од листата може да се види дека најмногу починати во страотната несреќа во квази дискотеката во Кочани имало на 26 и на 24 години. Имено, од овие возрасни категории се загинати по седум млади лица. 

Најмладите загинати имале по 16 години и тие се тројца, а тројца загинати има и на 18 годишна возраст. Четворица, пак, само што го навршиле полнолетството и нивните млади живти, за жал, завршија на 18 години. 

Еден загинат имал 19 години, а двајца по 20, додека, пак, дури шестмина имале по 21 година. Двајца имале по 27 години, еден имал 29, тројца по 30, а двајца по 31 година. 

Најстариот загинат во дискотеката имал 48 години, а еден загинат бил само една година помлад, 47 години. Двајца имале 44 години, еден имал 43, двајца биле по 38 години, четворица биле на 36 годишна возраст, а по еден загинат биле на 32 и 33 години.

Денеска, во тек е погребот на прерано згаснатите млади животи во дискотеката во Кочани.

Фото: ЕПА
Слично

Поврзани вести