Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Најмладиот починат од коронавирус во последното деноноќие е 43 годишен пациент од Делчево. 

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп  (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести