Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмладиот починат е пациент од Крушево на возраст од 40 години

Најмладиот починат е пациент од Крушево на возраст од 40 години

Најмладиот починат од коронавирус во последните 24 часа е пациент од Крушево на возраст од 40 години. 

За едно деноноќие има 16 починати во земјава. Починати се по 7 пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г), 6 пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г) и по еден пациент од Гостивар (87г), Гевгелија (71г) и Крушево (40г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Денес имаме висока бројка на заразени, односно 913.  Регистрирани се и 351 оздравен пациент. 

Сериозно жариште на коронавирусот е Прилеп со 733 активни случаи. 565 има во Кавадарци, 417 во Охрид и 340 во Неготино. Македонска Каменица е со најмал број на активни, само 2 случаи. 

Eдна од мерките која е преземена за да се спречи ширењето на вирусот е воведување на полициски час од вечерва од 22 часот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести