НАЈМЛАД КАНЦЕЛАР ВО ЕВРОПА: Курц во политика влегол поради отказот на татко му
Македонија денес го пречека австрискиот канцелар, па оттука и овој текст преку кој Фактор ве запознава со интересните детали кои го обележаа животот на Себастијан Курц.
Најмладиот канцелар во историјата на Австрија и Европа, Себастијан Курц, е поврзан и со Балканот, има семејни врски со Србија, неговото семејство им помагало на бегалците од просторот на поранешна Југославија, а неговата европска кариера е поттикната со затворање на балканската мигрантска рута...ова се само дел од нештата за кои во биографијата на младиот шеф на австриската влада пишува германскиот новинар Пол Рончајмер.
Книгата „Биографија“ за 31 годишниот канцелар беше претставена во февруари годинава со присуство на канцеларот.
Оваа книга пружа интересен увид во животот на Курц и неговиот полтички пат до врвот на партијата и владата.
Авторот го прикажа како извонредна појава на европската политичка сцена.
„Тој не е само најмлад политичар на кој една европска држава после Втората светска војна му ја предаде судбината во свои раце, туку и единствен кој успеал од конзервативната партија да направи лично движење и да го води кон успех. Тој е мајстор на медијално инсценирање и толку млад вистински лидер“, констатирал Рончајмер
Баба му Србинка, дома примил бегалци од Босна
Детството на Курц е обележано со убав детски живот помеѓу Виена и еден земјоделски имот на неговите баба и дедо во Долна Австрија.
Бегалската проблематика е позната во семејството, бидејќи неговата баба е по потекло од Србија, Војводина, од каде во Втората светска војна, како припадничка на германско малцинство морала да бега.
После распадот на Југославија и војната на тој простор, родителите на Курц во својот дом, во почетокот на 1990-тите примиле деца бегалци од Босна.
Курц, како што стои во книгата, заедно со нив учел германски, си играл или одел на базен.
Врз основа на тоа искуство, тој, според авторот на книгата, никогаш не сеел омраза кон странците, ниту имал нереален пристап во интеграција на бегалците и мигрантите, туку секогаш прагматичен приод.
Мајката Елизабет, напишала, опишувајќи го Себастијан, како многу слатко и фино дете, кое, меѓутоа, барало внимание. Курц бил добро момче и матурирал со труд од историја во улогата на еден офицер од Првата светска војна.
На наставниците уште тогаш им паѓало во очи дека е надарен со совршена реторика.
ВО ПОЛИТИКА ВЛЕГОЛ ПОРАДИ ОТКАЗОТ КОЈ ГО ДОБИЛ НЕГОВИОТ ТАТКО
Загубата на работа на неговиот татко, кој работел како инженер, и неговата борба за ново работно место, било нешто што ја обележало малдоста на австрискиот канцелар.
„Тоа го поттикнало да се одлучи да влезе во политиката“, наведува таткото Џозеф.
Бидејќи семејството негувало христијанско-социјален систем на вредности, Курц на 16 години и се приклучил на Народната партија (OVP).
„Ако не прави други глупости, нека тера“ , си помислил тогаш неговиот татко, додавајќи дека тогаш не го сфаќал сериозно занимавањето со политика на неговиот син.
По матурата, која ја положил со највисоки оценки, служењето на воен рок и започнување правни студии, Курц брзо станал примерен млад конзервативец.
Со цел ја градел својата политичка кариера, а покрај студиите давал часови по тенис и бил келнер, за да ги финансира животните трошоци.
После работата во кафана, џогирал до дома, бидејќи таксито му било скапо, се наведува во книгата.
Во жижата на политички интерес стигнал со барањето за воведување на 24 работно време за подземната железничка во Виена.
Поради обврските во политиката Курц не ги завршил студиите.
Мал „удар“ во својата кариера „примил“ во 2010 по неуспешната кариера пред виенските избори под мотото „Црното е секси“.
Курц тогаш, како што стои во книгата, дознал колку успехот и неуспехот се блиски и увидува колку брзо партијата некој го пушта низ вода кога не тргне како што треба.
Година дена подоцна тогашниот шеф на Народната партија Михаел Шпинделгер го донесол политичкиот талент на тоа момче во својата влада, поставувајќи го за државен секретар за интеграција.
Тогаш Курц е соочен со разочарувачка медиумска кампања поради својата младост, а при снимањето на официјалните фотографии на новата влада, никој не сакал да застане покрај младиот државен секретар.
Дури неговото интервју за австриската државна телевизија ОФР го водело кон пресврт, и медиумскиот талент дошол до израз.
Одлучувачко поглавје во биографијата е бегалската криза, која во летото 2015 година доживеала врв.
Тогаш младиот шеф на дипломатијата на Австрија се изјаснил притив отворени граници и рестриктивната полтика кон бегалците, поради што се најде во „ќош“ на „тврдокорни“ , односно против отпорот на Германија и Грција, и влијаел на затворање на балканската рута.
„Независно од тоа дали Словенија имала иницијална идеја за затворање на балканската рута или тоа го направила Унгарија со својата жичена ограда, односно Македонија, Курц успеал да се прикаже како личност која ја затвори таа рута“, пишува Рончмајер.
Со тоа, наведува во биографијата, Курц ги поставил темелите за преземање на Народната парија, успех на минатите парламентарни избори и доаѓање на местото канцелар.
Со коса зачешлана наназад, и секогаш со посебно акцентриран тон, Курц ја урнал коалицијата формирана со социјалдемократите на канцеларот Кристијан Керн, предизвикувајќи избори на 15 октомври кои и ги доби.
Курц е роден на 2 авгсут 1986 година во Виена.
Неговата личност е тешко да се прочита-пишуваа често светските медиуми.
