НАЈМИРОЉУБИВИ ЗЕМЈИ: Македонија на 102 место - која земја е прва?
Македонија е помалку мирољубива земја од лани и пониско котира.
Земјава е позиционирана на 102 место, последна од државите во регионот. Нашата земја бележи пад од 7 места во однос на минатата година.
Во регионот највисоко е рангирана Словенија на 7 место, на 31 место е Хрватска, на 28 е Бугарија, на 56 е Србија, на 57 е Албанија, на 67 е Црна Гора, и на 84 е БиХ.
Најмирољубива земја на светот е Исланд, стои во анализата на Светскиот индекс на мирот на лондонскиот Институт за економија и мир.
Зад неа е Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска и Чешка. Словенија е на седмото место, Канада на осмото, Швајцарија на деветтото и Јапонија и Ирска на десеттото место.
На последното место е Сирија, а пред неа се Авганистан, Ирак и Јужен Судан и Јемен.
Исланд е на првото место од 2008 година па наваму. Класификацијата е направена за 163 држави каде живее 99,7% од вкупното население во светот.
Вкупно 93 држави ги подобриле позициите во индексот на мир во спредба со минатата година, а 68 ги влошиле.
Политичката стабилност во САД е намалена за 11 места откако претседателската кампања на Доналд Трамп покажала длабоки поделби во општеството.
