Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

Одбраната ќе ви докаже на правен и фактички план дека истиот не може да биде истиот не може да биде со каузалитет на дејствија за сторување на ова кривично дело кое му се става на товар. Во делот на правните факти кои што одбраната на Крешник Бектеши ќе се фокусира и ќе ви ги докажува останувам на истата правна аргументација во однос на одредбите од член 292, 288 од КЗ, која ја дадов во воведниот говор за обвинетиот Беким Максути, бидејќи тој дел е идентичен и во однос на обвинетиот Крешник Бектеши, со што не би се повторувал.

„Во однос на фактите кои како одбрана на обвинетиот Крешник Бектеши ќе ги докажуваме, најнапред ќе укажам дека она што на Крешник Бектеши се става на товар со точка седум како дејствие на извршување е период од 26.02.2018 година до 11.02.2022 година. Крешник Бектеши е министер и во 2017 година. Тој е министер за економија до месец јуни 2024 година. Но, тој период како каузалитет на дејствија кои што обвинителството сака да ве убеди дека се преземени по оваа правна квалификација, го нема. Она што ќе ви го докажеме, а и е дел од самиот опис на обвинението за Крешник Бектеши е дека лиценца од Министерството за економија постои и во 2023 до март месец 2024 година. Но тој каузалитет го нема кај Крешник Бектеши. Ќе ви докажеме дека тоа е затоа што таа лиценца е издадена по овластување, но ќе ви го докажеме и тоа дека издадените лиценци од Министерството за економија во периодот кој што се става на товар на обвинетиот Бектеши се издадени со факсимил на Крешник Бектеши како министер за економија. Ова значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од Крешник Бектеши. Овластувања за користење на факсимил постојат, уредно предвидени согласно законски одредби и посочени конкретни лица кои во одреден период имале овластување да го користат тој факсимил“, вели Миланов. 

Според него, најмалку за една од лиценците ќе биде докажано дека е издадена на датум кога Крешник Бектеши бил надвор од Македонија. 

„Тој стои во ова обвинение со оваа правна квалификација како дел од каузалитет во однос на издадени лиценци, но без конкретни дејствија за такво нешто“, посочи тој.

Адвокатот вели дека во обвинителниот акт се тврди дека овие лиценци се издадени за објект кој нема намена за угостителска дејност, а според Законот за угостителска дејност член 12, угостителска дејност може да се врши во деловни објекти или во простории - деловно станбени или станбено деловни објекти уредени и опремени за давање угостителски услуги, а вториот услов е да бидат исполнети условите за вршење угостителска дејност. 

„Толку од теоријата на обвинителството дека во овој објект на кабаре „Пулс“ не можело да се врши угостителска дејност. Законот вели дека може. Единственото ограничување од оваа одредба е дека дискотека, кабаре клуб или ноќен клуб не може да биде во станбен објект. Но, неспорен факт е дека не е станбен објект“, рече Миланов.

Слично

Поврзани вести