Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

Членот на ЦО на СДСМ, Аднан Џафероски, синоќа на неговиот фејсбук профил излезе со апел до членовите на СДСМ за да се прекине постапката за избор на претседател на партијата.
„АПЕЛИРАМ ..!

Заради зачувување на достоинството, дигнитетот, заради историските достигнувања како ДРЖАВОТВОРЕН политички чинител, заради ИДНИНАТА на идните поколенија, заради утре ваша лична чиста совест како припадници на социјалдемократската идеологија,

НАЈИТНО да се стопира целиот процес за избор за претседател на СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА.

Сѐ што се случува изминатиов период е вон сите демократски, статутарни и идеолошки принципи на кои е изградена СДСМ.

Покушајот да се избере претседател на СДСМ на ваков “мафијашки” начин, без претходно да се исполнат КЛУЧНИТЕ услови, со јасни правила и критериуми е само цврсто и долгорочно останување на дното и трајно уништување на ткивото на партијата.

Информациите кои доаѓаат од терен (ОО на СДСМ) не ни даваат, ама баш никако за право, да се понашаме лежерно и како неми посматрачи, како ништо да не се случува.

Тоа не е во духот на нашата идеологија другари..!!!

Да не се правиме слепи при здрави очи и здрав разум..

Сведоци сме дека, секаде по ОО на СДСМ, “мафијашки” и нерегуларно (без согласност и присуство на членовите) се регистрираат членовите по претходно добиени списоци од различни табори на кандидатите и функционери од раководството во оставка кои веројатно имаат свој договорен фаворит.

Сведоци сме дека кампањата на кандидатите за претседател е вон сите статутарни стандарди, вон сите правила и без никаков етички кодекс.

Сведоци сме на никогаш поголема поделба на членството на ваши, наши, нивни и не знам чии…

Да не должам…!!!

ГИ ПОВИКУВАМ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ …!

ДА СЕ ОДВАЖАТ И ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ТРКАТА, СЕ ДО ВОСПОСТАВУВАЊЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЈАСНИ КРИТЕРИУМИ И ПРАВИЛА КАДЕ ЧЛЕНСТВОТО ДОБРОВОЛНО ЌЕ ЈА ИЗРАЗИ СВОЈАТА ПРИПАДНОСТ КОН ИДЕОЛОГИЈАТА И ПАРТИЈАТА И СЛОБОДНО ЌЕ ИЗБИРА ЛИДЕР НА СДСМ..“, напиша тој на фејсбук.


Инаку, Џафероски веќе некое време јавно ги критикува кандидатите за претседател и даваше загрижувачки информации за некои од состаноците на партиското раководство на Бихаќка.


Слично

Поврзани вести