НАЈИНТЕНЗИВНИОТ ДЕЛ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН ЌЕ ГО ОСЕТАТ СКОПЈАНИ: Спиридонов соопшти до кога ќе трае
Топлотниот бран руши рекорди низ цела Европа, а ништо подобро не е ниту во Македонија.
Метеоролозите предупредуваат дека тој се уште ќе трае, а според метеорологот Владо Спиридонов, Скопје најмногу ќе го почувствува жешкото време.
„Според најновиот метеограм, најинтензивниот дел од топлотниот бран во Скопје се очекува на 29–30 јуни, кога дневната температура ќе достигнува 37–39°C, а ноќите ќе останат тропски со температури над 20°C.
На 30 јуни попладне кон 1 јули започнува постепено слабеење на топлотниот бран како резултат на промена во висинската циркулација. Ќе навлезе посвеж воздух, температурите ќе бидат во опаѓање, а ќе се зголеми и веројатноста за локална атмосферска нестабилност, проследена со развој на грмотевични облаци, поројни врнежи и засилен ветер во зоната на развојот“, напиша тој на социјалните мрежи.
Слично
