Најголемите бегалци од правдата: Ќе им се придружи ли Никола Груевски?
Фото: Драган Даравелски
Повеќе од три дена нема ни трага ни глас од осудениот екс-премиер на Македонија, Никола Груевски, и веќе се јавија првите гласини дека поранешниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ можеби е побегнат и недостапен за органите на правдата. Доколку шпекулациите се покажат како вистинити, сигурно ќе биде на врвот на оваа листа која може да ја погледнете во продолжение.
Аце Боцевски - Циганот
Ацо Боцевски–Циганот откако го застрела лицето С. И. сред бел ден осуден е на затворска казна. За кусо време под сомнителни околности бега од затвор и надвор од државата. Овој случај се заведе како бегство.
Хеди Рамковски
Интерпол трага по синот на Велија, Хеди Рамковски, откако судот донесе одлука да
биде распишана меѓународна потерница за еден од управителите на фирмите на семејството. По известувањето дека Рамковски не им е
достапен на органите на прогонот истражен судија издаде наредба со којашто во потрагата се вклучува и
Интерпол
Владо Димов
Екс-министерот за здравство Владо Димов (СДСМ), кој е осуден во Скопје, го искористи двојното државјанство и се засолна во Софија.
Драган Даравелски
Пред правосилноста на пресудата, во Белград емигрираше екс-директорот на македонската царина, Драган Далаверски (ВМРО-ДПМНЕ), чиј имот е запленет во Македонија.
Горан Грујовски и Никола Бошковски
Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, се уапсени во Солун по меѓународната потерница која е распишана од македонските власти и бараат азил
Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да утврди кој нелегално прислушувал во земјава со години, но ја злоупотребија можноста за пребегување откако не им беше одреден притвор.
