Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ДРЖАВЕН ФОНД ИМАШЕ МНОГУ УСПЕШНА ГОДИНА - пријавил профит над 220 милијарди долари

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ДРЖАВЕН ФОНД ИМАШЕ МНОГУ УСПЕШНА ГОДИНА - пријавил профит над 220 милијарди долари

Норвешкиот државен фонд, најголемиот од ваков вид во светот, објави дека во текот на изминатата година успеал да оствари профит од 222 милијарди долари, пренесоа светските медиуми. 

Минатогодишниот профит го надмина рекордот поставен во 2023 годиан кога достигна профит од скоро 200 милиони долари, а беше постигната стапка на поврат од 13 проценти. 

Според минатогодишниот извештај, фондот го остварил својот профит благодарение на бумот на технолошките акции на американската берза.    


Norges Bank Investment Management (NBIM), управува со фондот во име на граѓаните на Норвешка. 

Фондот е основан во 1990-тите кога во него почнаа да се влеваат приходи од екстракција на гас и нафта од Северното Море.    

Фондот моментално е инвеститор во повеќе од 8.000 компании во повеќе од 63 земји, вклучувајќи ги Microsoft, Apple, Amazon и Nvidia.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести