Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголем број на разводи во Македонија на почетокот од втората доба

Најголем број на разводи во Македонија на почетокот од втората доба


Возраста од 25 до 29 години кај мажите и од 20 до 24 години кај жените доминира во склучените бракови во Македонија во 2017-та, кои бележат раст од 4,4 отсто во однос на една година претходно и бројот изнесува 13.781.

Најмногу бракови склучиле Македонците – 7.291, потоа меѓу Албанците (4.878), па Турците (489) и следуваат Ромите (463), Србите (110),  Бошњаците (108) и Власите (9).

Забележано е зголемување на разводите од 0.5 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.994 разведени бракови, а според возраста најмногу се случиле во старосната група од 30 до 34 години.


Слично

Поврзани вести