„НАЈГЛАСНИ ВО ОДБРАНА ОД КРАЈНО ШТЕТНАТА ДЕСТРУКТИВНА БУГАРСКА ПОЛИТИКА СЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ!“ Жерновски бара објаснување и од Јанушев
Андреј Жерновски продолжува да бара одговори за бугарските пасоши од страна на владините функционери.
„По вчерашниот “убиствен” контранапад од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во кој прилично немилосрдно беше опишано моето тешко детство во кое сум растел со бугарски песни (како ли само убаво ги научиле наизуст?) кои ми ги пуштале моите дома, решив да се повлечам. Прво во себе, а со самото тоа и од јавноста. Ќе признаете дека не е едноставно да се продолжи со нормален живот по такви “тешки” удари.
И таман кога ја донесов таа, за мене навистина тешка одлука, ете ти беља. На потсетникот ми се појави информацијата дека денеска, баш денеска, се навршуваат два месеци откако уште еден “патриот” во владата, прилично вокален војвода кога беше во опозиција, упорно и упорно молчи за веста дека е бугарски државјанин.
Работава е крајно сериозна и веќе излегува од контрола. Сите живееме во една парадоксална ситуација, во која најгласни во одбрана од крајно штетната и (само)деструктивна бугарска политика кон Македонија се оние кои се или сакале да бидат бугарски државјани !!!
Ако првиот човек на владата аплицирал за бугарски пасош, ако вториот човек на владата е Бугар, ако министерката е Бугарка, тогаш јасно ли е што ни се случува?!?
Ако ништо друго, зарем ќе им дозволиме на овие и вакви ликови да ни продаваат прикаски како СДСМ, наводно, била бугарска инсталација, а они, преполни со бугарски пасоши, ќе ги штителе нашите државни и национални интереси од нападите кои доаѓаат токму од Бугарија.
Вака, се’ додека не демантираат јасно и гласно, испаѓа дека од Бугарите не’ бранат- Бугари“, напиша тој.
Слично
