Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Најекстремните“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа поддршка на Мицкоски

„Најекстремните“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа поддршка на Мицкоски

„Најекстремните“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои остро се противат на спроведувањето на преспанскиот договор, денеска поединечно еден по еден му ја дадоа својата поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски за политиката и правецот по кој ја води опозициската организација.

Влатко Ѓорчев последен ја изрази својата поддршка за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поддршка за претседателот Христијан Мицкоски, за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна, а ја носат храбрите, упорните и силните. Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи – напиша Ѓорчев на Фејсбук

Претходно и пратеникот Антонио Милошоски и Трајко Вељаноски ја изразија својата поддршка за Мицкоски.


Слично

Поврзани вести