Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдоброто за Карпош – Да учиме од искуството на пензионерите, ветераните во Општината

Најдоброто за Карпош – Да учиме од искуството на пензионерите, ветераните во Општината

Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на секој индивидуален граѓанин во нашата општина, бидејќи СЕКОЈ Е ВАЖЕН.

Пензионерите, или ветераните во Општината, се лицата со најголемо животно и професионално искуство.

Нашата цел е да го искористиме тој потенцијал и оваа целна група да ја вклучиме во сите процеси и активности во кои тие ќе имаат можност да го споделат своето искуството и да го пренесат своето знаење на помладите генерации.

Во првата година од мандатот ќе овозможиме форум за редовна комуникација претставниците на овие наши граѓани, со цел дел од нивното искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината.

Ќе го продолжиме спроведувањето на хуманата патрола за помош и нега во домот, а ќе дејствуваме и во олеснување на нивното секојдневие со различни активности во соработка со засегнати страни.

На остварената средба со пензионерите, тие ни ја упатија следната порака:

„ГОДИНИТЕ НИ СЕ ГОЛЕМА БРОЈКА, НО ИСКУСТВОТО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО.

Ние најискусните, кои сме поминале низ разни општествени промени, разни историски случувања, испечени професионално, богати со фамилијарни искуства, со неизгубен осет за другарство и дружење стоиме секогаш на располагање во тековното живеење во општината преку волентерска работа, пренесување на знаење и искуства, помош за грижа на семејството.

Вие сте наши деца, и ние сме тука.

СИТЕ ЗАЕДНО ЗА НАЈДОБРОТО ВО ОПШТИНАТА."


ПР-Објава

Слично

Поврзани вести