Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДОБРИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА: Прогласени трговските објекти на годината

НАЈДОБРИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА: Прогласени трговските објекти на годината

Рамстор, Гранап и Веро се трговските објекти од категорија „Супермаркети“ кои добија плакети од Градот Скопје и агенцијата „SWOT Research“ кои ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. 

Плакетите ги врачи Марко Тодоров а Горење, Нептун и Елипсо се избрани за најдобри во катгоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“ .

Во категоријата „Модни додатоци и накит“ плакати добија Божиновски, Сигма и АБ бижутерија.

Целта според организаторите на овој проект е  да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје.

Слично

Поврзани вести